Компанијата Нелкоски органик фуд ДООЕЛ од Струга, е добитник на еден од грантовите што ги подели неодамна Фонд за иновации, во износ од 110.000 евра, односно 6.617 212 денари, објави порталот АKO.
Бошко Нелкоски за грантот се пофали на својот ФБ профил. Тој, во својата семејна фирма со грантот ќе произведува путер од органски лешник.
Нелкоски е веројатно еден од членовите на ВМРО ДПМНЕ кои имаат добиено владини пари, за кои премиерот посочуваше од собраниската говорница, за да се одбрани од нападите на опозицијата и јавноста дека се поделени грантови на функционери на владејачката СДСМ.
Нелкоски за време на владеењето на Груевски беше директор на Агенцијата за европски образовни програми и мобилност кога Европската комисија изрази сомнеж за начинот на кој Македонија ги троши eвропските пари.
Тоа беше причина за запирање на парите за две многу битни програми за европско образование за 2010 година, а беше извршена и комплетна ревизија за тоа како Агенцијата за европски образовни програми и мобилност ги трошела европските пари.