Турската јавност е вознемирена откако на социјалните мрежи во оваа земја се појави видео на кое се гелда како девојче е врзано на комбе кое се движи.
Комбето било снимено во регионот Чанкирис, кој се наоѓа северно од главниот град Анкара.
Полицијата, преку бројот на регистрацијата го идентификувала возачот и го привела. Тој подоцна раскажал дека ја врзал својата ќерка за комбeто бидејќи таа сакала да се вози на носачот за велосипеди.
Во своја одбрана, тој кажал дека така ја возeл околу 400 метри, а потоа ја одврзал. Исто така рекол дека девојчето било безбедно на носачот за велосипеди бидејќи тој може да издржи тежина до 150 килограми.
Нема информација што презела против него полицијата.
#Turkey: A woman was tied to the back of the minibus. #SHOCKING pic.twitter.com/A29xC7QObx
— Ali Özkök – علي أزكوك (@Ozkok_) August 28, 2018