И невработеноста се намалила во првиот квартал

Не сакам да импровизирам со бројка, но она што го имам како сознание е дека бројката на невработени е намалена, рече Анѓушев

234

Вицепремирот Кочо Анѓушев на денешната прес-конференцијата во Владата на која ги соопшти економските показатели за првиот квартал во 2018 година соопшти дека има пад и на невработеноста.

– Не сакам да импровизирам со бројка, но она што го имам како сознание е дека бројката на невработени е намалена- рече Анѓушев

Тој посочи дека растот на економските показатели во првите четири месеци од годината, покрај другото произлегува и од вработувањето.

– Овие бројки кои произлегоа како економска активност од друга страна мора да произлезат и преку вработувањето зашто економската активност не се создава без дополнителни вработувања. Бројката е позитивна, процентот на невработеност паѓа, но не би сакал да импровизирам, да кажам точна бројка- рече Анѓушев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...