И државните хартии од вредност ќе котираат на берза

Министерството за финасии подготвува два нови закона со кои ќе го замени постоечкиот Зконот за хартии од вредност.

128

Државните хартии од вредност ќе котираат на Македонската берза најави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски на Шестиот Ерсте инвеститорски појадок.

– Министерството за финансии е во преговори со Македонска берза државните хартии од вредност да почнат да котираат на берзата. Тие ќе станат достапни и за странските институционални инвеститори. Зголемената побарувачка ќе придонесе да се намали каматниот трошок на државата. А, ќе се зголеми и ликвидноста и транспарентноста со секундарното тргување – рече Тевдовски.

Тој рече дека Министерството ја следи европската практика на пазарот на капитал и најави дека Зконот за хартии од вредност ќе биде заменет со два нови закони.

– Со нив ќе се подигнат стандардите за транспарентност на пазарот и ќе се воведе повисоко ниво на заштита од злоупотреби согласно со европската практика. Во дизајнирањето на реформите значајна улога има и Советот за развој на пазарот на капитал, каде покрај регулаторите членуваат и асоцијациите на банки, хартии од вредност, осигурување и инвестициските фондови – рече Тевдовски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...