И градоначалникот и административците во Карпош ги засукаа ракавите и чистеа (ВИДЕО)

486

Општина Карпош успешно ja реализираше една од најголемите еко – акции на својата територија. Денеска, се чистеше на повеќе ударни локации, во различни населби. Градоначалникот Стефан Богоев, општинската администрација, советниците, повеќе јавни претпријатија, приватни фирми, еколошки друштва, граѓани се приклучија кон акцијата. Се чистеше околу платото на  „Млечен“, но и долж Кејот на Вардар, Т.Ц „Лептокарија“, платото во Порта Влае, долж булеварот „Партизански одреди“ и Козле.

Богоев посочи дека денеска се мијат и поголем дел од сервисните улици низ Општината, како „Бледски договор“, „Љубљанска“ и „Париска“.

– Оваа еко – акција за чистење на Општината започна вчера, кога најмладите ги уредуваа училишните дворови. Продолжуваме денеска, со еко – офанзива во која се приклучија повеќе од 20 општествено одговорни субјекти, општинската администрација, граѓаните, граѓанските организации. Тековно и секојдневно се грижиме за јавната хигиена, но целта на овие акции е да се подигне јавната свест кај сите чинители. Не ни треба повод и меѓународен ден за да се вклучиме во акција, секој носи одговорност, Карпош нека дише – рече Богоев.

Кон акцијата се приклучи и заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, кој чистеше во урбаната заедница „Владо Тасевски“ и напомена дека Министерството ќе продолжи да ги поддржува овие акции.

Општина Карпош изминативе денови ја започна и пролетната акција за засадување на нови садници, а денеска хортикултурно се уредува и делот околу Порта Влае.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...