Италијанската влада денеска соопшти дека потпишала указ со кој се намалува на четири месеци рокот за враќање на мигрантите благодарение на договорите постигнати со разни земји од кои потекнуваат.
Шефот на италијанската дипломатија, Луиџи ди Мајо, денеска на прес-конференција изјави дека таа меѓуминистерска уредба (Министерства за надворешни работи, правда и внатрешни работи), со кој се скратува рокот од две години на четири месеци за утврдување дали мигрантот може да добие престој во Италија или треба да се врати во неговата земја на потекло.
Ди Мајо објасни дека договори веќе постојат со Мароко и со Тунис, но тие треба да бидат „зајакнати и ратификувани“.
Десетина земји се на списокот на оние што треба да бидат вклучени во таа уредба, вклучувајќи ги Албанија, Босна, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Гана и Сенегал.
– Таа уредба не крши никакви човекови права. Тоа е прашање на тежината на процедурите во однос на земјите, вклучително во Медитеранот, со кои работиме и тргуваме секој ден, рече Ди Мајо.