Италија ќе ги засили мерките за надзор за да спречи сторителите на масакрот во Кристчрч да добијат свои следбеници во таа земја, изјави италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини.
– Одборот за стратешки антитерористички анализи утрово одржа вонреден состанок, откако во двете џамии во Нов Зеланд се случи терористички напад – објавиле од кабинетот на Салвини.
– Нема никаква поврзаност помеѓу напаѓачите и Италија, но нашите разузнавачки служби се на готовс и ги следат случувањата. Донесени се насоки во рамките на кои ќе се зајакнат мерките за надзор за да се избегне опасноста сторителите на нападот да не добијат следбеници и за да се избегне можна одмазда од радикални кругови, стои во соопштението.
Салвини кој на власт дојде со мотото „Италијаните пред сите“ опозицијата често го обвинува дека потикнува расистичка и исламофобна напнатост.
На локално ниво, членовите од неговата партија Лига одсекогаш жестоко се противеле на подигање џамии.
Нападот на џамиите во Кристчрч го изврши австралискиот екстремист Брентон Тарант.