Италија протера Албанец поради тероризам

69

Италијанските власти протераа албански државјанин поради пораки против празникот Божик на неговот профил на фејсбук,како и поврзаност со имамите уапсени во Косово за тероризам и поттикнување верска омраза.

Според италијанското Министерство за внатрешни работи станува збор за Шабан Цаца,кој подолг период живеел во Падова а кој се смета за  „лице опасно за националната безбедност на земјата“.

Тој,во придружба на италијански полицајци е депортиран до албанската граница,со забрана за влез во Италија во период од десет години.

Истрагата за неговата активност ја водел секторот за антитероризам и полицијата од Падова,во соработка со разурнавачките служби.

Италијанскиот прв полицаец, Матео Салвени, се заблагодарил на полицијата од Падова додавајќи дека „во Италија повеќе нема простор за било кого, кој се обидува да донесе војна во нашиот дом“.

Во почетокот на август годинава, италијанските власти протераа четири лица осомничени за тероризам, меѓу кои и еден македонски државјанин. Четворицата странци, од нив еден Албанец (37) од Косово, еден Албанец (39) од Македонија, Французин (28) кој го примил радикалниот ислам и државјанин на Тунис (45), беа протерани поради опасност по безбедноста на земјата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...