Самоодбраната од крадец во домот или продавницата е „секогаш легална”. Сопственикот може да го убие крадецот доколку е физички загрозен од него. Ова се предвидува со новиот закон за правото на самозаштита на жртвите од кражба, усвоен со големо мнозинство во италијанскиот парламент.
Со новиот закон се зголемуваат казните за упад на туѓ имот, за кражба со употреба на сила и грабеж, јави ДПА.
Законот доби силна поддршка од министерот за внатрешни работи Матео Салвини.
– Криминалците треба да знаат дека од денеска ќе биде потешко да си крадец во Италија- истакна Салвини по гласањето. Додека зборуваше, тој имаше маица со натпис: Самоодбраната секогаш е легална.
Сепак, законот не дозволува да се стрела кон крадци кои бегаат или кои биле онеспособени, ниту некого ослободува од истрага или евентуално судење доколку при престрелката дошло до ранување или смрт