Италијански научници: Вегетаријанската пица штити од рак и инфаркт (ВИДЕО)

Италијански научници и готвачи тврдат дека вегетаријанската пица штити од рак и срцеви заболувања, па претставија нова пица - „Паскалина".

227

Италијански научници и готвачи тврдат дека вегетаријанската пица штити од рак и срцеви заболувања, па претставија нова пица – „Паскалина” што го носи епитетот „пица којашто го продолжува животот”, пренесува „Дејли Меил“.

На неа нема ни сирење, ниту месо, намирници кои се масни и коишто стручните лица ги поврзуваат со срцевите заболувања. 3акуската содржи домати, маслинки, рапини (вид брокула), екстра-лесно маслиново масло, лук и лути пиперчиња. Овие состојки го намалуваат ризикот, како од кардиоваскуларни болести, така и од рак на системот за варење, особено ракот на дебелото црево.

Научниците сметаат дека т.н. „медитеранска исхрана” помага и во битката со гојазноста, но и со мозочните проблеми.

Една од „тајните“, се чини, е ликопенот – антиоксидант којшто го има во лушпата од доматот, она што му дава црвена боја. Се смета дека ликопенот го спречува растот на туморот, па дури и дека го намалува.

https://it.blastingnews.com/salute/2018/05/video/arriva-la-pizza-pascalina-buona-e-previene-i-tumori-004976995.html

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...