Со концерт на ансамблот „Феста Рустика“ од Италија, вечер во Битола завршува 28. издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“.
Италијанските уметници Џорџија Чинчирипи-сопран, Чипријана Смараданеску-чембало и Џорџо Матеоли-флаута, во концертната сала на битолскиот Музеј ќе изведат дела од Букстехуде, Вивалди, Марчело, Кампра и Хендл.
Во пресрет на вечерашното свечено затворање беше синоќешниот импресивен концерт на уметниците од Полска, пијанистката Тереза Кабан и Хенри Блажеј виртуоз на флејта, кои пред битолската публика изведоа дела од Лист, Албениз, Гинастреа, Рутер, Ибери и Енеску.
Во периодот од 2 до 11 октомври во Битола на „Интерфест“ настапија уметници од Франција, Полска, Италија и Северна Македонија.