Италијанска пица и швајцарски колбас ќе се јадат на Светскиот пикник во Градски парк

Вкусот на автентична италијанска пица ќе биде дел од штандот на Италија на Светскиот пикник, кој ќе биде претставен од компанијата ТГС Технички Гасови Скопје, Штандот на Швајцарија ќе биде претставен од страна на компанијата Макстил АД, која е дел од Duferco групацијата, чија основна дејност е производство на топловалани челични лимови.

223

Алпите, симболот за најголемата планинска верига, која ја кити највисокиот врв во Европа – Монблан истовремено претставува гордост на повеќе држави чии граници се сретнуваат токму на оваа планина. Италија и Швајцарија како соседни земји во многу нешта делат иста култура во поглед на јазик, традиција и кулинарство.

Швајцарија (der Schweiz, La Suisse, Svizzera/Svizra) – земјата симбол на неутралноста, различните култури и јазици, синоним за висок животен стандард и благосостојба, земја чие имe е првата асоцијација за банкарскиот сектор, стурчното образование, квалитетните чоколади со алпско млеко, фонду и многу други специјалитети кои оваа земја ја прават различна од другите. Еден таков специјалитет е и лугано клбас која во својот традиционален облик е свиткана во форма на полжав, a овој деликатес е познат и под името „колбас на метар“ затоа што во многу ресторани се послужува на метро.

Сите љубители на швајцарската кујна ќе имаат можност да пробаaт лугано кобас, на штандот на Швајцарија на Светскиот пикник кој ќе се одржи на 9 јуни со почеток од 12 часот во Градскиот парк во Скопје. Штандот на Швајцарија ќе биде претставен од страна на компанијата Макстил АД, која е дел од Duferco групацијата, чија основна дејност е производство на топловалани челични лимови.

La vita e bella (животот е убав), италијанска фраза која на најавтентичен начин ја искажува италијанската филозофија за животот. Италија – земја на пица и паста, земја на мода, култура и неверојатна убавина. Сплет на уметност, традиција и модернизам, градби и знаменитости кои ќе ве остават без здив. Италијанската гастрономија е една најрепрезентативните европски кујни која е широкоприфатена на сите континенти. А токму пицата е своевиден амбасадор на италијанската култура, чии почетоци се врзуваат токму со градот Наполи.

Вкусот на автентична италијанска пица ќе биде дел од штандот на Италија на Светскиот пикник, кој ќе биде претставен од компанијата ТГС Технички гасови Скопје, дел од СОЛ групацијата уште од 1995 година, компанија чија основна дејност е производство и трговија со технички и медицински гасови, (кислород, азот, аргон, ацетилен, јаглерод диоксид, водород, хелиум, фреон и нивни мешавини).

Инспирирани од традицијата и културата на земјата од каде што потекнуваат, компаниите членки на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, во насока на реализирање на мисијата за општествена одговорност, пред 4 години за првпат го организираа Светскиот пикник. Покрај словенечката кујна, присутните ќе имаат можност да пробаат деликатеси и од останатите 10 земји од каде што доаѓаат компаниите-странски инвеститори кои се директно вклучени како поддржувачи на овој настан, а тоа се: Австрија, Германија, Словенија, САД, Велика Британија, Грција, Турција, Шпанија, Белгија и Холандија.

Преку традиционалната храна, проследена со музика и детско катче за најмалите гости компаниите членки на Советот на странски инвеститори имаат за цел да ги унапредат своите врски со земјата во која делуваат и работат. Сите средства кои ќе бидат собрани од продажба на билети ќе бидат донирани за хуманитарни цели.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...