Исчезнатиот во британската амбасада во Хонг Конг, уапсен во Кина

77

Вработен во британската амбасада во Хонг Конг е уапсен во кинескиот град Шенжен, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи, истакнувајќи дека тој ги прекршил законите. Кинеското МНР не прецизира за што точно тој се товари.

Според Си ен ен, станува збор за 28-годишниот Сајмон Чен, државјанин на Хонг Конг. Тој речиси две недели не беше виден, откако на 8 август не се вратил од еден деловен настан во Шенжен.

Британското МНР изрази „голема загриженост“ поради наводите за исчезнување на вработен во нивната амбасада во Хонг Конг, поради што и побарале дополнителни информации од тоа дипломатско преставништво.

Ани Ли, девојка на исчезнатиот Сајмон Чен вели дека тој имал догтовор со британската Влада за да оди во Шенжен. „Британија мора да преземе одговорност за ова, потенцира Ли за Си ен ен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...