Официјални претставници соопштија денеска дека 2.500 лица се водат како исчезнати на Бахамите по ударот на ураганот Доријан.
Портпаролот на Националната служба за управување со кризни ситуации Карл Смит нагласи дека листата на исчезнати не е проверена, односно не е утврдено дали некој од списокот се наоѓа во засолништата.
Според Смит, во тек е проверка на базата на податоци.
При ударот на ураганот на Бахамите загинаа 50 луѓе, а илјадници се сместени во засолништа.