Исфрлете го секретот од белите дробови на природен начин

Акумулираниот, густ секрет во белите дробови мора да се исчисти за да исчезнат непријатните симптоми и целосно да заздравите.

881

Од сите видови кашлици, најтешка е продуктивната. Од неа болат белите дробови, се создава нагон за повраќање, а кај пушачите ситуацијата станува уште полоша.

Причина за тоа е акумулираниот, густ секрет во белите дробови, кој мора да се исчисти за да исчезнат непријатните симптоми и целосно да заздравите.

Ви препорачуваме природен рецепт, кој за кратко време ќе ви донесе олеснување.

Потребни состојки:
– 7-8 парченца ѓумбир
– 1 лажица црн пипер во зрна
– 1 лажица мед
– 2 шолји вода

Подготовка:
Загрејте ја водата и веднаш откако ќе почне да врие, додадете го ѓумбирот. Сипете ги зрната црн пипер, поклопете и оставете да врие една минута. Намалете ја температурата и оставете да врие уште пет минути. Треба да добиете бистра течност со жолта боја. Оставете малку да се излади, потоа процедете и засладете со лажичка мед. Додека сè уште е топол, пијте од чајот по малку и наскоро ќе почувствувате значително олеснување. Чајот се пие два до три пати дневно за побрзо оздравување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...