Истражување: 85 отсто од татковците би дале сѐ да можат да бидат дома со бебињата

Раѓањето на детето не ги менува само жените туку и мажите. Меѓутоа, општеството чести ги занемарува и наидуваат на бројни препреки при трансформацијата од маж во татко, а не треба ниту да споменуваме колку е важна за детето татковската фигура во животот.

527

Истражувањето на една глобална организација која се бори за рамноправност на половите – Промунда, открило дека дури 85 отсто од татковците во Америка, Велика Британија, Аргентина, Бразил, Канада, Јапонија и Холандија би дале сѐ да бидат повеќе вклучени во првите недели и месеци од животот на своето дете.

Сепак, помалку од 50 отсто од нив го прават тоа затоа што државните политики, притисокот на општеството, финансискиот притисок и недостатокот од потпора тоа не им го оневозможуваат.

„Мораме подобро да ја организираме демографската политика и да ги смениме културолошките стереотипи кои се однесуваат на мажите“, изјавила Моли Кенеди, која ги претставила резултатите од истражувањето.

Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...