Истражување – Што е тоа кај жените што најмногу ги привлекува мажите?

228

Првите 10 секунди по запознавањето со девојка, половина од мажите гледаат во нејзините усни. А доколку таа има и кармин, но и пополни усни, тогаш е уште попривлечна, посочува ново истражување на Универзитетот на Манчестер.

Во експериментот учествувале 50-на мажи, кои требало да погледнат фотографии од жени со и без кармин. Првите 10 секунди момците „го фиксирале” погледот на розовиот кармин, во просек 6,7 секунди, додека пак кај девојките со црвен кармин, тоа време изнесува во просек 7,3 секунди.

– Истражувањето покажа дека црвените усни се нераскинливо поврзани со женската привлечност. Црвениот кармин се покажува како најмоќен фактор и значително ја засилува „визуелната фиксација”, објаснува Џеф Бити, еден од авторите на студијата.

Во нејзините очи, мажот просечно гледа само 0,95 секунди, а во косата – 0,85 секунди.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...