Истражување: Луѓето и по смртта можат да слушаат

185

Ново истражување на Медицинската школа при Универзитетот „Стоуни Брук“ во Њујорк, посочува дека луѓето и по својата смрт можат да слушаат, на пример, како докторот ги прогласува за починати.

Кратко по смртта, човекот е „заглавен“ меѓу мртвото тело и мозокот кој сѐ уште работи. Типичен пример за тоа се луѓето кои поради срцев удар биле прогласени за клинички мртви, па потоа вратени во живот. Тие тврдат дека биле целосно свесни што се случува околу нив, смета Сем Парнија, предводник на научниот тим.

Тие имаат документирано стотици такви случаи, каде што луѓето по соочувањето со својата смрт, „од корен“ се менуваат себеси и својот живот, но тоа не е нималку како во филмовите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...