Истражување: Жените најмногу сакаат да се омажат за пејачи, гитаристи и тапанари

127
20151019 Monday 1347 luge gragani gragjani ulici tolpa skopjani anketi anketa

Не е новост дека припадничките на понежниот пол се слаби на музичарите, но многу девојки фантазираат и за бракот со нив, покажа британска студија.

Се покажа дека една третина од испитаничките истакнале дека за нив пејачите се пожелни мажи за брачните води, потоа гитаристите или тапанарите. Тие објасниле дека ги привлекува нивната посебност. Поинакви се и имаат стил.

Жените ги пофалиле и економистите и менаџерите, а 24 проценти од дамите ги изгласале за добар брачен „материјал”, бидејќи во корист им оди материјалната моќ. Професорите и лекарите се најдоа на завидното трето место, додека седум отсто од жените им дале предност на новинарите, а само еден процент на фудбалерите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...