Истражување: Воопшто не е лошо ако вашето дете е „мамин син“

Резултатите од ова истражување кое почнало во далечната 1938.година покажуваат дека мажите кои имале близок однос со својата мајка, како што минуваат годините, се многу поуспешни во кариерата, а кај оние кои имале лош однос со мајката во детството, е зголемен ризикот од деменција во подоцнежна возраст.

268

Универзитетот Харвард објавил голема студија за тоа што ги прави мажите посреќни, а станува збор за една од најдолгите и најдеталните студии на човечки развој во историјата.

Започната е во 1938.година, а следела 268 студенти од машки пол во период од раните години до постари години. Најинтересните заклучоци од ова истражување се однесуваат на „мамините синови“, односно, на мамините мази.

Имено, се покажало дека постои врска помеѓу блискиот однос со мајките во детството и подоцнежниот успех во животот.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pexels

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...