Истражување: Ајфон и Ајпад се показатели за богатството

153

Сопствениците на уреди како што се Ајфон или Ајпад имаат висок социоекономски статус во САД, се наведува во студијата на Универзитетот од Чикаго и Националното биро за економски истражувања.

Според податоците за 2016 година, ниту еден друг бренд не покажува таков предвидлив висок степен на приход како Ајфон на „Епл“. Економистите забележуваат дека речиси седум од десет сопственици на Ајфон заработуваат повеќе од другите.

Со други зборови, сопствениците на Ајфон во САД речиси гарантирано ќе влезат во горниот дел на скалата на приходи меѓу различните групи Американци. Податоците од истражувањето не го објаснуваат влијанието на Ајфон Х, кој излезе во ноември 2017 година, чија почетна цена е илјада долари без договор со оператор.

Богатите луѓе меѓу сопствениците на Ајфон се 69,1 отсто, додека сопствениците на АјПад – 66,9 проценти, покажуваат податоците од истражувањето.

Меѓу сопствениците на уреди со Андроид, 59,5 отсто од корисниците имаат висока плата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...