Градските власти во Истанбул годинава не дозволија за Курбан бајрам да се колат животни во близина на морето. Со тоа, за првпат по подолго време, водите на Босфорот не се зацрвенија од крв од жртвуваните животни, јави Си-Ен-Ен Турк.
Градските власти ги запечатиле канализациските шахти во сите делови на градот каде постои можност крвта од закланите животни да протече до морето.
Во меѓувреме, десетици луѓе низ Турција биле повредени во незгоди при традиционалното жртвување, честопати кога животните ќе се обиделе да побегнат.