Истанбул: Кандидатот на опозицијата Екрем Имамоглу во водство

113

Кандидатот на опозициската Републиканска народна партија Екрем Имамоглу води во изборната трка за градоначалник на Истанбул.

Во Истанбул денеска се одржани повторените избори за градоначалник, а, според прелиминарните резултати по 96,79 отсто обработени избирачки места, во водство е со Имамоглу со освоени 53,8 отсто од гласовите.

Кандидатот на владејачката Партија на правдата и развојот, Бинали Јилдирим, освои 45,29 отсто.

На изборите во Истанбул гласаа 84,39 отсто од регистрираните гласачи.

Според податоците на Врховната изборна комисија, правото на глас на денешните избори во Истанбул имале 10.560.963 регистрирани гласачи, кои гласале на 31.342 избирачки места.

Изборниот ден во Истанбул измина со зголемени безбедносни мерки и без поголеми инциденти, а прелиминарните резултати од изборите се очекуваат вечерва.

Локалните избори во Турција се одржаа на 31 март оваа година. На 6 мај Врховната изборна комисија на Турција донесе одлука со која ги поништи резултатите од мартовските избори за градоначалник на Истанбул и нареди повторување на изборите за таа функција.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...