Глумицата Софи Тарнер, која ја глуми улогата на Санса во популарната ТВ-серија „Игра на тронови“ признала дека се бори со здравствени проблеми во последните шест години.
Сè започнало, како што изјави таа, кога ѝ кажале дека лошо глуми и дека е „дебела“, а во тешките моменти ѝ помагало нејзиното момче, Џо Џонас, кој постојано ѝ велел дека мора да се засака самата себе.
– Имав депресија во последните шест години. Најголем предизвик ми беше да станам од креветот и да излезам од дома. Само плачев, плачев и плачев, а потоа се обидував да се облечам и си велев: „Не, јас не го можам ова“ – раскажала ѕвездата во едно интервју и додаде дека во главата ѝ поминувале мисли да си го одземе животот.
– Беше чудно… Би рекла дека не бев депресивна, но многу размислував за самоубиство кога бев помлада. Мислам дека никогаш нема да се помирам со тие мисли, дека никогаш нема да ги победам – рекла таа.
Мејси Вилијамс, нејзината колешка, исто така ѝ била поддршка во тешкиот период и нејзе ѝ ја раскажала целата ситуација.
– Денес се сакам многу повеќе себеси од претходно. Мислам дека никој не би требало да се срами од депресијата – додала Тарнер.