Исповед на возачот на Милена и Драган: Последниот пат кога ја враќав дома, видов дека ѝ е лошо

Исповед на возачот на Милена и Драган: Последниот пат кога ја враќав дома, видов дека ѝ е лошо

1108

Возачите на „Жолто такси“ три децении ја возеле познатата двојка Милена Дравиќ и Драган Николиќ и се потсетуваат дека секогаш за Нова година биле почестени со шише пијалак.

„Имавме голема чест и среќа што во изминатите 30 години ги познававме и се дружевме. Последен поздрав на нашата Милена“, стои во некрологот од „Жолто такси“.

Вака од дивата Милена Дравоќ се простиле таксистите на белградското „Жолто такси“.

Во текот на изминатите три децении, без исклучок, и по неколкупати на ден, великанот на српското актерство Драган Николиќ и неговата сопруга секојдневно се возеале со нас.

– Толку долго се возеа со нас што ние станавме како семејство. Ни останаа верни до последниот ден, така што некрологот беше само мал гест. Сите бевме изненадени од веста за смртта на Милена. И покрај тоа што секојдневно ја гледавме, не изгледаше толку болна. Последниот пат кога ја враќав дома, видов дека е лошо. Таа имаше проблеми со нозете и ‘рбетот, но никој не очекуваше ваков исход – раскажал Владо Ѓуканов, член на извршниот одбор на „Жолто такси“.

Милена и Драган биле, како што велат, повеќе од обични муштерии.

– Често зборуваме за приватните работи. Знаевме сè за нив, она што ниту нивните најблиски не го знаеле. Но, и тие многу знаеа за нас. Ќе се сеќаваме на нив како на добри души и на сите ни недостасуваат. Дружење, приказна, сè ни недостасува. Нè импонираше тоа што имаме такви муштерии. Секоја ситуација со нив беше посебна – разговорите што ги водевме, темите за кои разговаравме. Разговарате и споделувате искуства со големи, начитани и интелигентни луѓе. Тоа е задоволство. Потоа возењето поминува брзо, во опуштена атмосфера – се сеќава соговорникот.

Ѓуканов вели дека секогаш биле позитивни и внимателни. За Нова година, секогаш на таксистот кој ги возел го честеле и по едно шише пијалак.

– Никогаш не сме имале чувство дека возиме познати личности. Немаа комплекси, супериорности. Кај нив тоа не можете да го видите и токму затоа и беа големи. Затоа и ги сакавме и им излегувавме секогаш во пресрет. За нив секогаш мораше да се најде некое возило, а и тие трпеливо чекаа некое да нашите возила да биде слободноа, дури и кога беше некое невреме, снег, кога во градот е застој – рекол Ѓуканов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...