Исплатени субвенциите за градинарски култури

Станува збор за исплата на средства од  дополнителната мерка за градинарски култури.

68

Платежната агенција денеска на сметките на 2.944 субјекти исплати околу 138 милиони денари за градинарски култури, предадени во преаботувачки капацитети.

Станува збор за исплата на средства од  дополнителната мерка за градинарски култури.

Платежната агенција пред неколку дена исплати и 195 милиони денари за предадено млеко и за оризова арпа. Од вкупната сума, 153,4 милиони денари добија млекопроизводителите, а 41,4 милиони денари легнаа на сметките на 1.130 оризопроизводители за дополнителната субвенција од пет денари за предадена оризова арпа, која се донесе поради нарушениот баланс помеѓу понудата и побарувачката и многу ниската откупна цена. Со оваа, нова, дополнителна субвенција, потсетува Агенцијата, се поттикна договорениот откуп на оризова арпа од реколтата 2018 година.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...