Исламска држава презеде одговорност за нападот во Мелбурн

114

Екстремистичката организација Исламска држава соопшти дека еден од нејзините борци го извел нападот со нож во Мелбурн во кој загина едно лице, а двајца луѓе се повредени, соопшти новинската агенција на групата Амак.

Сепак, светските агенции нагласуваат дека Исламска држава не даде никакви докази за тврдењето.

Полицискиот комесар на државата Викторија, Грахам Ештон претходно изјави дека австралиската полиција смета оти нападот со нож во Мелбурн е терористички инцидент.

Напаѓачот, кого полицијата го застрела откако прободе три лица, од кои едното почина на лице место, им подлегна на повредите во болница.

Инцидентот во Мелбурн почна откако полицијата била повикана поради запалено возило во улицата Берк.

ФОТО: Видео / Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...