Иран ќе ја стави армијата на САД заедно со ИД на списокот со терористи?

134

Иран би можел да ја стави американската армија на списокот со терористи ако Вашингтон ја прогласи елитната иранска Револуционерна гарда за странска терористичка организација.

Ова денеска го изјави претседавачот со Комитетот за национална безбедност на иранскиот Парламент Хешматолах Фалахатпишех.

„Ако Револуционерната гарда биде ставена на американскиот список на терористички групи, ние армијата на таа земја (САД) ќе ја ставиме на црната листа на терористи веднаш со Даеш (Исламска држава)”, напиша Фалахатпишех на Твитер.

Се очекува САД да ја прогласат елитната иранска Револуционерна гарда за странска терористичка организација, изјавија претходно три неименувани американски функционери за некои светски агенции кои истакнуваат дека ова е првпат Вашингтон официјално да ја нарекува армијата на некоја земја терористичка група.

Се наведува оваа одлука Стејт департментот да ја објави во понеделник.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...