Иран ќе ослободи седум члена на екипажот на запленетиот британски танкер

46

Иран ќе ослободи седум членови на екипажот на запленетиот британски танкер „Стена Имперо“, јавија иранските медиуми.

Танкерот беше запленет на 20 јули од страна на Исламската револуционерна гарда, по само две недели откако британските власти на брегот на Гибралтар го запленија танкерот „Грејс 1“, што превезуваше иранска нафта, наводно наменета за Сирија.

Според соопштението на Министерството за надворешни работи во  Техеран, ќе се ослободат седум членови на екипажот на британскиот брод, што беше запленет во Ормутскиот теснец.

Претходно Исламската република соопшти дека запленувањето на танкерот „Стена Имперо“ не е одговор на запленувањето на „Грејс 1“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...