Иран: Соработката меѓу Саудиска Арабија и САД само ќе го дестабилизира регионот

Соработката меѓу Саудиска Арабија и САД дополнително ќе ја влоши ситуацијата на Блискиот исток, изјави денеска висок ирански претставник.

96

Соработката меѓу Саудиска Арабија и САД дополнително ќе ја влоши ситуацијата на Блискиот исток, изјави денеска висок ирански претставник.

Според него, Техеран ќе продолжи да биде присутен во тој регион и покрај притисоците на Вашингтон да го ограничи неговото влијание.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео, кој се состана со саудискиот крал во Ријад, вчера изјави дека САД се длабоко загрижени поради „дестабилизирачките и малигни активности“ на Иран на Блискиот исток.

– Коментарите на Помпео за Иран се неосновани и се повторуваат…Се додека на легитимните влади во државите од регионот им е потребна наша помош, Иран ќе остане во тие држави, изјави Бахрам Квасеми за Иранската телевизија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...