Иран предупредува дека сите што ќе го нападнат ќе доживеат пораз

40

Висок ирански воен функционер денеска изјави дека оние кои се обидуваат да го нападнат Иран ќе се соочат со пораз.

Изјавата беше дадена само еден ден откако иранскиот претседател Хасан Рохани рече дека земјата сака мир и стабилност.

САД, Саудиска Арабија и европските сили го обвинија Иран дека е одговорен за нападот врз нафтениот објект „Сауди Арамко“ на 14 септември, додека Иран негира каква било врска со настанот, за кој одговорност презедоа јеменските бунтовници Хути.

– Ние постојано им кажувавме на нашите непријатели дека ќе одговориме на секое насилство врз нашата земја, што веќе го видоа американските беспилотни летала и англискиот танкер. Резултатот од нападот врз Иран ќе биде заробеништво и пораз, рече началникот на иранските вооружени сили, Мохамад Бакери.

Тој истакна дека неговата земја не е непријател со Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати и оти тие земји треба да се држат до Иран за да се одржи мирот во регионот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...