Иранските власти денеска ги негираа тврдењата дека американскиот претседател Доналд Трамп им испратил ноќеска со посредство на Оман, порака во кое ги предупредува за американски напад.
– САД не испратиле никаква порака до Иран со посредство на Оман. Во тоа нема ништо точно, изјави Кејван Хорсави, портпaрол на Врховниот совет за национална безбедност.
Според Иранската телевизија, Хосрави реагирал на информацијата од два странски медиума дека со посредство на Оман, Трамп ги предупредил дека се подготвува напад врз Иран ако Исламската Република не се согласи за преговори.