Иранската Револуционерна гарда заплени уште еден танкер во Персискиот залив поради наводно криумчарење 250.000 литри дизел горива во Обединетите Арапски Емирати, јави иранската студентска новинска агенција ИСНА.
– Танкерот е задржан во близина на островот Голем Тунб во Персискиот залив. Екипажот е предаден на правните власти во покраината Хормозган – пренесува ИСНА, која не го прецизира државјанството на членовите на екипажот.
Според други медиуми, танкерот припаѓа на Обединетите Арапски Емирати и на него се наоѓале 11 членови на екипажот.