Иранскиот генерал Хасан Сеифи денеска изјави дека „рационалните Американци и искусни американски команданти” веројатно ќе ги запрат „радикалните елементи” во Вашингтон и ќе спречат војна со Иран, објави полуофицијалната иранска агенција Мер.
– Ние веруваме дека рационалните Американци и нивните искусни команданти нема да дозволат нивните радикални елементи да ги доведат во ситуација од која ќе биде тешко да се излезе и затоа нема да влезат во војна – рече Сеифи, помошник на главниот командант на иранската армија.