Иранскиот ријал падна на рекордно ниско ниво во однос на доларот

Доларот се продава за околу 75.000 ријали, додека вчера, пред објавувањето на одлуката на Трамп, вредеше 65.000 ријали, објавија медиумите кои го следат слободниот пазар на валути.

141

Иранската валута ријал денеска падна на рекордно ниско ниво во однос на доларот откако американскиот претседател Доналд Трамп објави повлекување на САД од нуклеарниот договор помеѓу светските сили и Техеран.

Доларот се продава за околу 75.000 ријали, додека вчера, пред објавувањето на одлуката на Трамп, вредеше 65.000 ријали, објавија медиумите кои го следат слободниот пазар на валути.

Вредноста на иранската валута паѓа со месеци поради лошата економија, финансиските тешкотии во локалните банки и големата побарувачка за доларот меѓу Иранците, кои стравуваа од повлекувањето на САД од договорот.

Враќањето на американските санкции кон Техеран ќе го намали извозот на нафта и други стоки од таа земја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...