Иранскиот претседател ги предупреди европските земји да не покажуваат сила во Персискиот залив

270

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска изјави дека присуството на странски сили ќе биде главниот извор за нови тензии во Персискиот залив, пренесоа британските медиуми.

Оваа порака е обајвена на официјалниот сајт на иранскиот претседател, по неговата средба со министерот за надворешни работи на Оман.

Британските медиуми потсетуваат дека изминатата недела тројца високи ЕУ дипломати соопштија дека Франција, Италија и Данска дале иницијална поддршка на британскиот план за европска поморска мисија чија задача би била да го обезбеди безбедниот проток на бродови низ Ормутскиот теснец.

Тоа беше предложено по запленувањето на танкерот со нафта што пловел под британско знаме.

-Корените за непријатните настани и тензиите во регионот денеска се наоѓаат во едностраното повлекување на САД од нуклеарниот договор од 2015 година,рече тој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...