Поголем број ирански пратеници денеска испратија писмо до претседателот Хасан Рохани со кое бараат министерот за надворешни работи Мохамад Џафад Зариф да остане на функцијата, јави иранската новинска агенција ИРНА.
Рохани се уште официјално не ја прифатил оставката, што Зариф ја најави на Инстаграм.
Во меѓувреме се огласи Стејт департментот, истакнувајќи дека САД „внимателно ги следат“ извештаите дека Зариф, кој го сметаат за архитект на нуклеарниот договор од 2015 година, поднесе оставка, но оти „во овој момент немаат други коментари“.
Се уште не се познати причините за оставката на Зариф, кој е потписник на мултилатералниот договор за иранската нуклеарна програма, кој сега речиси е нефункционален откако претседател Доналд Трамп ги повлече САД.
Зариф беше критикуван од иранската јавност поради што се ракуваше со тогашниот американски претседател Барак Обама.
Шефот на иранската дипломатија синоќа поднесе оставка, објавувајќи ја својата одлука на Инстаграм.
– Се извинувам за сите пропусти… во текот на изминатите години за време на мојот мандат како министер за надворешни работи… им се заблагодарувам на иранската нација и претсатвници, напиша Зариф на Инстаграм.
Портпаролот на иранското МНР, Абас Мусави потврди дека Зариф поднесе оставка.