Тестовите што иранскиот заменик министер за здравство Ирај Харирчи ги направил се покажале позитивни на коронавирусот.
Иранскиот министер за здравство, Киануш Јаханпур потврди дека Харирчи е позитивен на коронавирусот и се наоѓа во карантин.
Во Иран се починати околу 15 лица како последица на коронавирусот, а потврдени се 95 случаи на заразеност, истакна Јаханпур.
Јаханпур изјави дека многу случаи со коронавирусот се поврзани со шиитскиот верски центар Комо.