Иранки првпат по 40 години смеат на стадион да гледаат фудбалски натпревар

92

На неколку Иранки првпат по повеќе од 40 години им е дозволено да гледаат пријателски натпревар на репрезентацијата на фудбалскиот стадион.

Како што објавија дел од иранските медиуми, околу 100 жени добија дозвола да влезат на стадионот Азади во Техеран за да ја следат победата на својот национален тим против Боливија, што заврши со резултат 2-1.

– Навивањето на жените беше многу интересно, изјави иранскиот селектор, Португалецот Карлос Кироз, додавајќи дека го поздравува евентуалниот „почеток на новата ера“.

На жените во Иран повеќе од 40 години им беше забрането да присуствуваат на стадион, а ултраконзервативните верски водачи како причина наведуваа дека жените не треба да бидат сведоци на навивањето на мажите и нивното скандирање.

Сепак, претседателот Хасан Рохани, се спротивстави на таквата одлука.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...