Инфраструктурното поврзување доби пристап до фондовите на ЕУ

На Советот на министри за надворешни работи на земјите-учеснички на Јадранско – Јонската иницијатива и на Четвртиот Форум на ЕУ Стратегијата за Јадранско – Јонскиот Регион-ЕУСАИР во Будва учествуваше заменик министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Андреј Жерновски.

287

Република Северна Македонија добива директен пристап до фондовите на ЕУ со кои се финансираат проекти за инфраструктурно поврзување на регионот, квалитетот на животната средина и за одржливиот туризам, ова денеска е истакнато на Совет на Јадранско – Јонската Иницијатива во Будва како резултат на првите чекори направени на добра волја и градење на доверба кои претходеа на Договорот од Преспа.

Како што соопштија од Генералениот секретаријат на Владата, зачленување во Јадранско – Јонската иницијатива и натамошното приклучување во ЕУ Стратегијата за Јадранско – Јонскиот Регион, е директна и конкретна придобивка од решавањето на спорот со Грција.

„Членството во Јадранско – Јонската иницијатива е резултат на првите чекори направени на добра волја и градење на доверба кои претходеа на Договорот од Преспа, односно преименување на имињата на скопскиот аеродромот и автопатот кон Грција. Тие одлуки, како и целокупното решавање на спорот со Грција, ги отвори можностите за пристап до фондови на ЕУ и го забрза процесот на интеграција во ЕУ, од што корист имаат сите граѓани на Република Северна Македонија“, се истакнува во соопштението.

На Советот на министри за надворешни работи на земјите-учеснички на Јадранско – Јонската иницијатива и на Четвртиот Форум на ЕУ Стратегијата за Јадранско – Јонскиот Регион-ЕУСАИР во Будва учествуваше заменик министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Андреј Жерновски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...