Инфо сесија за законот за јавни набавки

Новиот Закон за јавни набавки ќе започне да се применува од 1 април 2019 година.

68

„Можности за доуредување на новиот Закон за јавни набавки и прашања од интерес на компаниите“ е тема на инфо сесијата која ќе се одржи во Стопанската комора.

Настанот е дел од активностите на проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“. Најавено е присуство на  домашни експерти кои ќе ги презентираат новините на новиот Закон за јавни набавки и тоа за напуштањето на концептот најниска цена и електронска аукција, објавувањето на плановите за јавни набавки, како и можноста за директни плаќања на подизведувачите, како и дали истите ќе бидат доволни за надминување на досегашните проблеми во однос на јавните набавки.

Новиот Закон за јавни набавки ќе започне да се применува од 1 април 2019 година. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...