Интерпол го бара ексдиректорот на ФЕНИ

Се дознава дека е покрената процедура за издавање меѓународна потерница и против Џереми Неадс, (Jeremy Neads) главен извршен директор на Кунико Рисорсис (Cunico Resources) и неизвршен Директор во Фени во периодот 2015-2017 година.

618

Интерпол го бара поранешниот директор на Фени Индустри, Јусуф Миракхмедов. Миракхмедов за директор во Фени беше  поставен од Кунико рисорсис (Cunico Resources) во период од 2015 до 2017 година.

Ексдиректорот се бара за сторени кривични дела „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Во ноември 2017 година, Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава за Миракхмедов, сомничејќи го за злоупотреба на службена должност и овластување. Тогаш во текот на истрагата Финансиската полиција утврдила дека Јусуф, тогашен директор незаконски отуѓувал резерви на фероникел и друга руда од фабриката.

Во декември истата година, управата поднесе и втора кривична пријава против Миракхмедов поради основано сомнение за злоупотреба на службена положба и овластување. Миракхмедов направил неоснован отпис на незастарени побарувања на Фени со што се сомничи дека ја оштетил фабриката за 51.505.526 американски долари.

Се дознава дека е покрената процедура за издавање меѓународна потерница и против Џереми Неадс, (Jeremy Neads) главен извршен директор на Кунико Рисорсис (Cunico Resources) и неизвршен Директор во Фени во периодот 2015-2017 година.

Од 2015 до 2017 година под водство на Јусуф Миракхмедов и членовите на Одборот на Директори, се исцрпувале сите резерви руда, репроматеријали и резервни делови а не се вложени ниту долар од заложените 66,5 милиони долари. Сите долгови што компанијата ги трупала  во овој период со притисоци се префрлани за 2017 година. Претходниот сопственик Кунико ресурсис го остави Фени индустри со долгови од 67 милиони евра и повеќе од 250 кредитори чии побарувања останаа неплатени, а вработените со неисплатени плати и никаква иднина. Ова беше главната причина за Фени на 30 октомври 2017 година да биде отворена стечајна постапка.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...