Интересот на нашиот сојузник Франција

Не е во интерс затоа што оваа голема демократија има сопствено видување како треба да изгледа сојузот кој таа го предводи. Тоа ја прави нашата ситуација многу сериозна, без оглед на поддршката на огромното мнозинство држави членки на ЕУ. Сите надежи се сега во Ангела Меркел која ќе се обиде да го наговори Макрон да попушти, исход кој сите го посакуваме во Македонија.

3974

Денешната изјава на премиерот Зоран Заев дека е сигурен дека на 17 и 18 октомври ќе добиеме датум за почеток на преговори е на линија на она што наназад месеци го повторува македонското политичко раководство. Тоа што го велат политичарите, пак, во целост се поклопува со желбата на народот на Република Северна Македонија. Но, светското и нашето искуство ни вели да бидеме внимателни зошто желбите често не се поклопуваат со суровата реалност во која интересите надвладуваат. На Конференцијата за Југославија која се одржа на почетокот од деведесеттите,ни беше речено дека разденува ера на нова Европа како дел од новиот светски поредок, дека силата и отстапува место на правото и дека финалната одлука за иднината на Југославија и нејзините федералн единици ќе ја донесе Арбитражната комисија под раководство на Бадантер. Таа, пак, согласно одговорите на прашалникот кој го пополнија членките на федерацијата и ситуацијата на теренот, заклучи дека само Словенија и Македонија заслужуваат да бидат признаени од земјите членки на Европската заедница. Но, кога државните интереси надвладееја над правото и Хрватска заедно со Словенија го добија она што ни беше ветено нам, признавање, аргументот беше дека мислењето на Арбитражната комисија е советодавно, а за новиот светски и европски поредок престана да се зборува. Тогаш и во наредните двесет и пет години учевме дека никакво право и никакво мнозинство кое што се коси со интересите на една држава членка на сојузите кон кои стремевме не може да го победи интересот. На крајот, како новодојденци во меѓународното општетсво на држави, моравме да се прилагодиме на тој интерес.

Ставот на Франција денес кажува дека не е во интерес на оваа голема сила да отпочнат преговори со Северна Македонија и Албанија. Не е во интерс затоа што оваа голема демократија има сопствено видување како треба да изгледа сојузот кој таа го предводи. Тоа ја прави нашата ситуација многу сериозна, без оглед на поддршката на огромното мнозинство држави членки на ЕУ. Сите надежи се сега во Ангела Меркел која ќе се обиде да го наговори Макрон да попушти, исход кој сите го посакуваме во Македонија. Но, она мало искуство што го имам во образованието ми вели дека француските школи се од построгите во светот и таму нема попуштање, а дека во политиката Франција одолева и на притисоци од САД, а камоли од оние на земјите членки на ЕУ. Стискаме палци да успее посредништвото на Меркел, но да бидеме спремни и на неуспех. Ако тоа се случи, мирно треба да ги проучиме позициите на Франција, која не посакува за партнер, а партиите ќе треба да се погледнат во огледало и да се запрашаат зошто после толку години не успеваат да произведат успешен политички систем и пристојна правна држава, кои без проблеми би не направиле дел од ЕУ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...