Интервјуто со Томислав Османли насловено „Ова е време на сенки“, истакнатата српска книжевна критичарка и новинарка Анѓелка Цвијиќ го започнува со претставувањето на авторот и на неговиот роман: „Девет текови на приказната и близу педесет и пет ликови се вкрстуваат во романот „Зад аголот“ на Томислав Османли, еден од најпознатите и најинтерсни македонски писатели денес“, и продолжува:
„Ова дело со исклучителна книжевна градба и завидна ерудиција го објави „Албатрос плус“ во одличниот превод на Зоран Ж. Пауновиќ, којшто на српски го преведе и претходното прозно остварување на Османли, „Дваесет и првиот“ во издание на ’Дерета’, во 2015та“.
По претставувањето на комплексниот авторски профил на Османли, авторката на интервјуто во „Данас” потсетува дека координатите на романот „Зад аголот“ се протегаат од античките времиња до 21-от век и од Америка преку Европа, се до Балканот.
„Како во шахот – пишува Анѓелка Цвијиќ – авторот ги поместува своите јунаци било да се учесници во балканската криза, финансиски могули што `ги влечат конците’ на светската политика или луѓе што се само пиони во тие политичко-економски игри.“
Следи раговорот за мотивите на романот чиешто дејствие се случува во повеќе средини на светот, но се фокусира пред се на Балканот во последната воена година на минатиот век.
„Ова е време на сенки – ќе рече Томислав Османли по повод современоста која уште ја оптоваруваат последиците од братоубиствената војна што однесе илјадници животи во Босна и Херцеговина, и донесе трагични последици со бомбардирањето на Србија и Црна Гора, ужасите на косовската бегалска криза – …На нашите тажни, замолчани сеништа кои, несмирени, јаздат низ небото над Европа, како и на оние населени по протекционистичките конзервативни држави. Но, и на призраците вселени во поединците со подли и опачни поимања на моќта. Некогаш тоа раздобје би се именувало епоха на декаденција. Ова е ново време, време на деструкција…“
На прашањето, дали смета дека е дојден крајот на стравотиите на Балканот, македонскиот писател одговара со низа од реторички прашања: „А кои се причините за несреќите на Балканот? Таканаречениот балканизам, нели? Па, завршен ли е процесот на делби во помали и закарани, неефикасни држави или на спротивставените групи? До колку тоа е случај, тогаш ние сме навистина во епохата на Водолија. Но, колку што јас можам да видам, насекаде по овие ридчести предели молска и грми. Од изјави, спинови, гнев, спорадично презвикувани несреќи… Слуша ли песна, некој тука? Нормално е дека, вакви, ќе жнееме, што природни што ХАРП-увани луњи.“
Кон прашањето како гледа на државите настанати со распадот на СФРЈ и дали е југоносталгичар, Османли одговара:
„Да не се биде носталгичар по крвавата војна во минатото столетие и популистичкиот, историоманичен
Српското издание на романот „Зад аголот“ објавено изминатиов октомври, е проследено со исклучителниот поговор на академик Ферид Мухиќ насловен „Ултимна романескна синтеза“. Во тој поговор, своевремено објавен како книжевна критика и во нашите медиуми, истакнатиот филозоф, писател и критичар овој роман го сместува на самиот врв на македонската книжевност.