Овозможувањето на поедноставени процеси, оптимизирано искористување на ресурсите, намалени трошоци, поголема ажурност и помалку пречки во работатењето и поголема прецизност на податоците…., неминовно треба да доведе до унапредување на даночните услуги кон граѓаните и за граѓаните, беше речено на денешната презентација на завршна конференција на Проектот „Развој и реинженеринг на деловните процеси на новиот интегриран даночен ИТ систем“, спроведен од ноември 2017 години до февруари 2019 година, а е финансиран од ЕУ.
– За ефикасна даночна администрација најважно е да се разбере нејзината позиција во секоја земја и дека тие се централна власт во секоја земја, бидејќи без даночна администрација нема влада, приходи, јавни услуги, развој – рече Анѓа Комшо, лидер на проектниот тим во име на конзорциумот.
Таа нагласи дека во рамки на законскиот систем има коресподенција без никаква хартија.
– Тоа ќе ги намали трошоците и ќе го зголеми квалитетот на податоци и услуги. Неопходно е да имаме процес во реално време, да обезбедиме високо ниво на доверливост на податоците, бидејќи таквите податоци се користат во носење одлуки. Потребно е да ги избереме вистинските даночни обврзници на кои треба да се применат репресивни мерки, а на оние кои доброволно го почитуваат даночниот систем да им се даде квалитетна поддршка преку различни услуги. Модерниот модел за управување со даночните обврзници е заснован на ризик – нагласи Комшо.
Таа рече дека за секој даночен обврзник, клиент потребно е да се процени колку е ризичен приходот што треба да се собере од различните даночни обврзници и дека институцијата треба да собере многу податоци, да ги анализира, да создаде профил и да направи разлика помеѓу даночните обврзници.
– Од една страна имаме даночни обврзници кои го почитуваат, а од друга страна даночни обврзници кои сакаат да го избегнаат даночниот систем. И помеѓу нив имаме различни класификации на даночни износи што не знаат како да ги платат даноците и ако даночните власти се ефикасни нема да има проблем. Идејата е да управуваме со даночните обврзници со ризиците за приходите што ги презентираат според нивното однесување. Во таа насока даночните власти собираат многу податоци, воспоставуваат интегриран модел и во исто време даваат податоци на други институции. Системот како што го дизајниравме ќе го измени начинот на кој се собираат даноци и како другите сродни тела – нагласи Комшо.
Фреек Јанмаат, раководител на Секторот за економски прашања, институционален развој и прекугранична соработа при Делегацијата на ЕУ нагласи дека спроведувањето на приоритетите е главен предизвик за националните власти, но и воспоставувањето на ефикасен даночен систем.
-Таков систем претставува услуги ориентирани кон граѓаните и ги намалува ризиците од затајување данок. Со ова треба да им се служи на интересите на даночните обврзници, да се поедностават процедурите и да се подобри ефикасноста на даночниот систем. Во време на економски потешкотии за секоја власт е важно да го подобри системот на даноци или принципите на транспарентност, отчетност и ефикасност – рече Јанмаат.
Јанмаат нагласи дека сегашниот проект, што е во вкупна вредност од 300 илјади евра, во голема мерка придонесе кон остварување на целите на реинжинирањето на деловните процеси, ќе овозможи развојна едноставни, ефикасни процеси усогласено со стандардите на ЕУ, интегриран ИТ систем за управување со ризици и подобри услуги за даночните обврзници.
Директорката на УЈП Сања Лукаревска изјави дека со целосната реализација на овој проект ќе се овозможи намалување на трошоците за наплата на даноците, но и подобри услуги на граѓаните, државните и јавните институции и другите засегнати страни.
-Благодарение на овој проект преку минимална интеракција со даночните обврзници ќе се постигне максимална наплата на даноците и намалување на сивата економија. За граѓаните и правните лица процедурите за пријавување и плаќање на данок ќе се поедностави, а со тоа ќе им заштедиме скапоцено време – рече Лукаревска.