„Интеграција на идентитети“ – изложба на македонски и бугарски уметници

54

Во галеријата Мала станица вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Интеграција на идентитети“ со дела од 21 автор од Македонија и Бугарија.

Изложбата е иницирана од групата уметници „Конекција“ и продуцирана од македонскиот Културно-информативен центар во Бугарија и претходно беше претставена во Пловдив и во Софија.

На изложбата ќе учествуваат уметниците од Колектив Зеро, Шќипе Мехмети, Атанас Ботев, Ибрахим Беди, Исмет Рамичевиќ, Роберт Јанкуловски, Ацо Станковски, Маријана Иванова, Марјан Ѕин, Зоран Мише, Перица Георгиев, Иво Пецов, Павел Целкоски, Горан Тричковски, Десислава Христова, Иван Ќуранов, Лилајна Караџова, Генади Гатев, Росен Тошев, Свилен Стефанов и Нина/Вале.

Иницијаторот на проектот – ликовната група „Конекција“ во која членуваат седум македонски уметници кои живеат и работат во Бугарија, во  претходните неколку години направи изложби во речиси сите поголеми градови во Бугарија. Оваа година концептот на групната изложба е проширен со нови автори и тематски е збогатен.

Идејата за поврзување на творештвата на авторите од двете земји  беше поддржана од Министерството за култура, а во подготовките и остварувањето на проектот помогнаа кураторите од  Северна Македонија и Бугарија – Горанчо Ѓорѓиевски и Свилен Стефанов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...