Институциите потрошија само 150 милиони евра од планираното за капитални инвестиции

Во реализацијата најдобро стои Министерството за финансии кое потроши 78,1 отсто од планираните 16,8 милиони евра, односно потроши 13,1 милиони евра.

194

Владата, според проекциите на буџетот за наредната година кој е во собраниска расправа планира за капитални инвестиции да потроши 383 милиони евра или 15 милиони евра повеќе од она што го предвиде за годинава со ребалансот на буџетот.
Податоците за реализирање на капиталните инвестиции до крајот на октомври годинава се дека се реализирани 40, 8 отсто или 150 милиони од планираните 368 милиони евра.

Во реализацијата најдобро стои Министерството за финансии кое потроши 78,1 отсто од планираните 16,8 милиони евра, односно потроши 13,1 милиони евра. Зад него е Министерството за транспорт и врски кое од планираните 64,3 милиони евра, потроши 39,8 милиони евра или 61,9 отсто. Трето на листата е Министерството за внатрешни работи кое за десет месеци успеа да реализира 10 милиони евра, а за годинава има на располагање 18,3 милиони евра или реализра 54,5 отсто од планираното.

Министерството за одбрана кое имаше на располагање 26,5 милиони евра со објаснување дека беа потребни за подготвките за НАТО, реализира 5,5 милиони евра или 21 отсто од планираното.

И покрај реформите во социјалната политика и интензивната изградба на објекти за згрижување на децата Министерството за труд и социјална политика потроши 26 отсто од планираните 3,2 мииони евра или заклучно со октомври реализира 877 илјади евра.

Министерството за земјоделство заклучно со октомври потроши 16,7 отсто од парите наменети за инвестиции. Според планот ова Министерство имаше на располање 11,4 милиони евра, а потроши само 1,9 милиони евра.

Вкупно 10,4 милиони евра од планираните 27,1 милион евра потроши Министерството за образование или искористи 38,4 отсто од парите.

Во ресорот здравство, пак, се искористени 41 отсто од парите или од 10,7 милиони евра се потрошени 4,4 милиони евра.

Дали последниот квартал од годината ќе ги зголеми процентите ќе се види на почетокот на следната година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...