Инстаграм го уништува Вајоминг

327

Туристичката организација во Вајоминг побара од посетителите да престанат на Инстаграм да се означуваат на познатото езеро Делта, со цел да се заштитат шумите и езерската вода од голем број туристи.

Објаснувајќи го повикот, Брајан Моден, претставник на Организацијата, изјави дека животната средина е „под закана“ од голем број посетители, кои доаѓаат тука за да уживаат во прекрасните пејзажи што ги гледаат на социјалните мрежи.

– Инстаграм корисниците почнаа да објавуваат слики од езерото. Оттогаш почна инвазијата на ова место – истакна Моден.

До пред неколку години, само двајца, тројца туристи оделе дневно до Делта Езерото, а денес 145 луѓе на ден го чинат истото.

– Затоа, се препорачува корисниците на Инстаграм да престанат со означување, со што „ќе ја сочуваат природата“ – додаде Моден.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...