Инспекција во скопска фабрика за пиво каде работници се затруле со храна

310

По добиеното известување од Центарот за јавно здравје дека неколку работници во скопска фабрика за производство на пиво и сокови се затруле со храна, инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Центарот за јавно здравје вршат вонредна инспекциска контрола во мензата.

Целта на контролата, соопшти АХВ, е утврдување на евентуалниот причинител на труењето.

Инспекциските служби ќе земат мостри од храната што се подготвувала/послужувала како оброк за вработените, како и брисеви од работните површини и од вработените во мензата.

„Причините за труењето ќе бидат утврдени со лабораториско испитување на земените мостри храна и брисевите, а резултатите од анализите ќе бидат познати за неколку дена“, информира Агенцијата. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...