Извозот се одвива непречено и праските се извезуваат во Русија, Иран, Белорусија и Косово. Оваа информација денеска ја добиле претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Државниот инспекторат за земјоделство и Државната фитосанитарна лабораторија на средбата со градоначалникот на општина Росоман.
На средбата, како што е соопштено, присуствувале и претставници од компаниите извозници на праски и производители на праски, а се разговарало за состојбата со откупот, цената и извозот на праски.
Презентирани биле и предлози за подобрување на соработката меѓу производителите и откупувачите.
„Во меѓувреме инспекторите од ДИЗ се постојано на терен за да се следи откупот и да не се манипулира со откупната цена и со белешките што им се издаваат на овоштарите при откупот, соопштени Министерството за земјоделство.